ИТ настан: Започна аплицирањето за Start Up академијата за претприемништво

Summer Work and Travel Alumni Macedoniа го отвори аплицирањето за третата Start Up академијa за претприемачи. Се работи претрпиемачка обука преку која учесниците ќе научат за како да стартуваат бизнис, како да стигнат до инвеститори, како да креираат мрежа на контакти, и ќе научат да преговараат. Обуката трае 7 месеци во кои ќе има пет семинари за работа на програмата и можност за презентирање на идејата, како и можност за учество на натпревари и други обуки. Во текот на обуката учесниците ќе можат да користат co-working простор.

Само дваесет и пет учесници ќе имаат можност да бидат дел од академијата, и затоа ќе треба да побрзате да се пријавите на 31 октомври. На пријавувањето ќе треба да донесете иновативна бизнис идеја која ќе ја разработите до крајот на курсот кој чини 375 евра. Повеќе информации има на официјалниот сајт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии