ИТ Настан: Западно-балкански дигитален самит

Од 18 до 19 април Македонија ќе биде домаќин на првиот регионален дигитален самит – Western Balkans Digital Summit (#DSWB6). На саемот ќе учествуваат претставници на влади, компаниите, регионални организации, граѓански организации, академици. Сите ќе имаат иста цел, да постават дигитална идеја за размена на идеи и предлози.  Но, и интеграција на Западниот Балкан во единствениот европски дигитален пазар.

Настанот е поделен на четири платформи кои ќе бидат претставени и разгледани.

Дигитални вештини

Оваа тема ќе биде фокусирана на заедничка работа, соработка, координација и развивање на фокусирани дигитални вештини.

Доверба и безбедност

Регионални и меѓународни партнерства за побезбеден онлајн простор

Дигитална околина, мрежи и сервиси, поврзување и пристап

Во оваа тема најавено е разгледување на рамка за дигитално поврзување на Западниот Балкан.

Дигитална економија и општество

Дигиталното општество и економија за жал не се силна страна на државите во регионот. На оваа конференција ќе се дискутира за можностите и потребните трансформации за подигање на овие два исклучително важни сектори.

Листата на говорници:

Специјални гости:

  • Валдрин Лука – Министер за еконмски развој на Косово
  • Марушка Визек – Директорка на Институтот за економија во Загреб
  • Флориан Биебер – Професор по Југоисточна европска историја и политика

Дигитални вештини

  • Зоја Кукиќ – Ко-основач на Startit
  • Шади Матар – Советник во Министерството за комуникацио и транспорт на Босна и Херцеговина
  • Срини Гопалан – Член на бордот на Deutsche Telekom AG за Европа
  • Валентина Тасева – Директор на Семос Едукација
  • Александар Риедл – Шеф на “Digital Economy and Skills”

Доверба и безбедност

  • Јохан Хесе – директор на International GmbH & Co KG
  • Томас Кремер – член на бордот на Deutsche Telekom AG
  • Маркус Борчет -Senior Vice President, Europe – Nokia и претседател на DIGITALEUROPE

Дигитална околина

  • Горан Попоски – претседател на бордот на МАСИТ
  • Милена Харито – советник на премиерот на Албанија
  • Нивес Снадри – член на бордот на Nokia Affiliate во Хрватска
  • Ентони Велан – Директор на Electronic Communications Networks & Services во Европската комисија

Дигитална економија и општество

  • Васко Кроневски – Директор на Nextsense
  • Михаило Јованивиќ – Директор на Office for IT и e-Government of Serbia
  • Мислав Галер – Извршен директор на ВИП Македонија
  • Лариса Халиловиќ – Проектна директорка на Digital Skills и директорка British Council за Босна и Херцеговина
  • Дамјан Манчевски – Министер за администрација и информатичко општество

Дигитални разговори

  • Линда Шомо – Директорка на EasyPay
  • Артиона Бого – Бизнис развој во Blockchain at SAP
  • Горјан Јовановски – TED Speaker, активист за здрава околина,  | Front End Developer @ Booking.com
  • Нина Ангеловска – ко-основач и директор на Grouper.mk
  • Владмир Вулиќ – ко-основач на невладината Digitalizuj.me

Што со лажните вести

  • Метју Јакобс – координатор на Bureau of European and Eurasian Affairs at the U.S. Department of State
  • Ерик Брнс – Комуникациски и медиски стратег
  • Аделхеид Феилке – Head of the European Desk во Deutsche Welle
Конференцијата ќе се одржи  во Александар Палас и Спортскиот центар Борис Трајковски.
Повеќе информации за настанот може да најдете на официјалниот сајт или на Facebook страната.

2 коментари на “ИТ Настан: Западно-балкански дигитален самит

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии