ИТ настан: Втор Инди пиво за ново дружење со креаторите на независни игри

Откако на 17 април за прв пат во Македонија се сретнаа креаторите на инди видеоигри, најавена е втора средба која ќе се одржи веќе следната недела. Настанот повторно е наменет за сите ентузијасти кои креираат или сакаат да креираат видеоигри. Инди Пиво 2 настанот е закажан за 15 мај од 18:00 во Мезе паб „Убац“ и повторно се поканети сите гејминг ентузијасти да се запознаат, да разменат идеи или само да се дружат. Ако сте заинтересирани за средба со инди заедницата во Македонија тогаш во четврток право во Убац, а овој па покрај презентацијата има најава и за гејмање. Подолу можете да ги видите фотографиите од првото дружење направени од Дајана Димовска од данското гејминг студио KnapNok Games, која заедно со Кристијан Трајковски и Мартин Пупков од македонското студио Dark-1 се организатори на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии