ИТ настан: Закажан е Alt Ctrl Game Jam, фестивал на иновативни игри и контролери

И оваа година, втора по ред, ќе се одржи Alt Ctrl Game Jam, настан посветен на македонските љубители и развивачи на видеоигри. Настанот се фокусира на независни игри, но и на креирање нови и иновативни контролери, или нови начини на играње игри.

Alt Ctrl Game Jam е закажан за 11 до 21 септември во просториите на NewMan’s Business Accelerator. И оваа година е организиран од истите ентузијасти: Кристијан Трајковски, Дајана Димовска и Џон Полсон, а NewMan’s Business Accelerator ќе го обезбедат просторот за локалното собирање во Скопје. Настанот е интернационален и најверојатно и оваа година ќе се одржува на повеќе локации во светот.

„Од мината година сме супер задоволни, направени беа 23 игри, уникатни контролери и игри. Дел од победниците се преставија и презентираа на Alt Ctrl GDC – најголема конференција за алтернативни контроли и ги изложија игрите во Game Science центарот во Берлин“, вели Кристијан Трајковски од гејминг студиото Dark One.

Пријавувањето за настанот е веќе започната, а бројот на учесниците е ограничен, па доколку сте заинтересирани подобро да се пријавите порано.

Минатата година на настанот во СКопје беа креирани две супер забавни игри и уникатни конторолери за нив, се надеваме дека и оваа години учесниците ќе бидат креативни, повеќе ќе се забавуваат и ќе креираат повеќе игри. Еве дел од проектите што беа направени минатата година:

1 коментар на “ИТ настан: Закажан е Alt Ctrl Game Jam, фестивал на иновативни игри и контролери

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии