ИТ Настан: WordCamp 2019 – втор собир на македонската WordPress заедницата

IT.mk редакција

во feature, ИТ.МК

На 5-ти и 6-ти oктомври ќе се одржи вториот, најголем собир на WordPress заедницата со локација во Скопје, на ФИНКИ.

WordCamp е конференција која опфаќа сè што е поврзано со WordPress, бесплатната и open-sourse платформа која движи милиони блогови и вебсајтови.

Централниот ден на конференцијата, 5-ти октомври, ќе биде одбележан со предавања од врвни локални и меѓународни предавачи, од кои многумина се прогласени за најдобри говорници на настани на WordCamp во други земји. Фокусот ќе биде на теми како што се функционален, модерен веб дизајн, разни начини на спроведување на WordPress за специфични веб-функционалности и нови предизвици и решенија поврзани со WordPress.

Комплетниот список на теми и предавачи ќе биде објавен наскоро.

Вториот ден на WordCamp Скопје Тhe Contributors Day, 6-ти октомври, ќе биде традиционално посветен на оние кои се вклучени во развојот на самиот WordPress, превод и локализација, развој и имплементација на плагини, теми… Секој заинтересиран може да се приклучи во тим под менторство од искусен координатор кој е тука за сите ваши прашања и потешкотии кои би ги имале, и кој ќе ви помогне што полесно и побрзо да се вклучите и да го дадете својот придонес.

Ова претставува дополнителен повод за дружење, соработка и размена на специфични искуства.

 

Билетите за WordCamp Скопје се достапни за продажба по цена од 20 евра. Добивате маица, ручек и кафе во текот на денот на конференцијата, After Party за која организаторите велат дека не смеете да ја пропуштите. :) 

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на WordCamp Скопје, каде заинтересираните посетители исто така можат да се претплатат на билтенот и да добиваат информации за настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии