ИТ Настан: Women in Tech и официјално во Македонија

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Оваа среда и официјално ќе биде отворено локалното поглавје на движењето Women in Tech. Свеченото отворање на Women in Tech Macedonia ќе се оддржи во инкубаторот “StartUp Club Skopje” со почеток од 17:30ч.

Организацијата Women in Tech е меѓународна непрофитна организација фокусирана на зголемување на бројот на жени во „STEM“ кариерни области. Организацијата се фокусира на четири области за кои е потребен поголем ангажман: едукација, претприемништво, настани и истражување. Покрај зголемувањето на бројот на жените кои работат во технологијата, Women in Tech работи и на зголемување на пристапноста на едукацијата и на овие занимања за жените.

На настанот ќе биде присутен и главниот основач на Women in Tech – Ајуми, а ќе има и преставници и од од UNICEF, Microsoft како и панел гости говорници претставници од бизнис, стартап и едукaцискиот сектор. Организаторите и спонзорите

Македонија и досега имаше активен огранок на Women in Tech кој организираше повеќе настани, иако официјално не беше дел од меѓународната организација.

Повеќе податоци за работата на организацијата може да прочитате тука.

Поддршка на настанот дадоа и Adeva, Slice, Cosmic Development, Women TechMakers и Symphony.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии