ИТ настан: WeTalkIT MeetUp – Introduction to Scala

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

We Talk IT организираат митап на кој Душан Гајиќ од Cognism ќе зборува за Scala. Cognism во моментов се актуелни и по инвестицијата од 2 милиони фунти од South Central Ventures. Секако присутните ќе можат да добијат и информација за ова искуство од г. Гајиќ.

Scala е програмски јазик кој ги комбинира објектно ориентирано програмирање и функционалното програмирање. Ако не сте запознаени со програмскиот јазик не е проблем. Г. Гајиќ има искуство и како front-end и back-end девелопер, па без проблеми ќе ги објасни придобивките од негова примена.

Во моментов г. Гајиќ работи на Prospector производ на Cognism кој се користи за lead generation и mail sequencing. Prospector e скалабилна алатка за процесирање на маркетинг.

Настанот ќе се одржи во Паб комедија на 15 мај. Резервирајте го своето место на Evenbrite.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии