ИТ настан: Втората AllWeb МК ќе има интересни говорници за квалитетна дискусија

На 15-ти ноември во Скопје ќе се дискутира за онлајн ПР и интернет маркетинг. Тогаш е закажана втората конференција AllWeb MK со тема „интегрирани комуникации“, на која ќе говорат реномирани експерти од регионот како Немања Ѓуриќ од Coca-Cola Company и Драган Варагиќ од Internet Group. Листата на говорници, која може да ја видите на официјалниот сајт, ветува интересни предавања кои треба да ја мотивираат македонската сцена посериозно да го сфати интернет маркетингот.

“Оваа година очекуваме квалитетна дискусија со длабоко дискутирање на навистина корисни теми. Гребењето по површина го има пречесто, сакаме да отвориме дискусии кои ќе им дадат навистина корисни искуства на компaниите кои ќе дојдат на AllWeb.”, вели Дарко Булдиоски од New Media MK, кои се организатори на настанот.

Првата AllWeb помина добро и се чинеше како да ги промени мислењата за македонскиот маркетинг, но Дарко вели дека нема пофални зборови за локалните маркетери и ПР луѓе, бидејќи работите преспоро се менуваат. Македонија заостанува зад соседите во интерактивни кампањи со онлајн заедницата.

„Не можам да издвојам пофални збoрови за развојот на пазарот од минатата година до сега. Има новитети, но развојот е во толку мал обем што никоја компаниите сè уште не ни смета дека има свој пазар и реален пазарен удел за да инвестира во негов развој”.

Работите се влечат, но сепак одат чекор по чекор. Можеби втората конференција за интернет маркетинг и онлајн ПР (на која ќе има и нинџи) ќе биде уште еден поттик и охрабрување да се биде покреативен и похрабар со кампањите.

1 коментар на “ИТ настан: Втората AllWeb МК ќе има интересни говорници за квалитетна дискусија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии