ИТ настан: Втор собир на ентузијасти за отворени податоци

Школата за отворени податоци – Македонија ги повикува сите заинтересирани на вториот Open Data Meetup #2 во Скопје, кој ќе се одржи овој петок, 13-ти март, во кафе бар Цреша. Поканети се сите кои ги интересираат отворените податоци, сакаат да споделат искуство или приказна или да дознаат нечија друга.

На собирот ќе ни се придружи и Костадин Мишев кој ќе го сподели своето искуство од развивање на веб и мобилни апликации кои се базираат на отворени податоци. Тој е дел од регионалниот центар за социјални иновации на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, како и од тимот од ФИНКИ кој работи со отворени податоци.

Open Data Meetup Skopje e организиран од Фондацијата Метаморфозис, и поддржан од Open Knowledge Foundation Network и School of Data.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии