ИТ настан: Време е за борба со роботи! Пријавете се на RoboMac 2016

Започна пријавување за најверојатно еден од најинтересните ИТ настани во Македонија, RoboMac 2016. Натпреварот по роботика ќе се одржи од 7-ми до 13-ти март во просториите на Факултет за електротехника и информациски технологии. Натпреварот е организиран од студентскиот огранок на македонска секција на IEEE и Студентскиот парламент при ФЕИТ.

Организаторите на RoboMac ги покануваат сите студенти и средношколци запишани во 4-та година да се пријават и да учествуваат во борби помеѓу нивните роботи. Натпреварите се поделени во неколку категории, а во зависност од сопствените познавања, натпреварувачите можат да се натпреваруваат во основни или напредни категории. Натпреварите се веќе познати како и на претходните години: сумо борба меѓу роботи, трка, најдобар хуманоид и најинтелигентен робот. Оваа година за првпат се воведуваат две нови категории, едната е генерирање на траекторија на топка-робот и Сумулација на квадрикоптер.

На RoboMac оваа година се планирани да учествуваат 80 учесници од кои 30 места се за гости од останатите балкански универзитети. Настанот има и едукативен карактер па учесниците можат да слушаат предавања за роботика и вештачка интелигенција. Финалето на RoboMac е закажано за 12 март и ќе се одржи во Домот на АРМ. Регистрацијата за заинтересираните учесници е отворена до 10 февруари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии