Добри вести за сите .NET развивачи. По пауза се враќа македонската .НЕТ заедница и тоа започнува веќе оваа недела, со настан кој ќе се одржи во MKC Club & Restaurant.
„Глобалните програмерски и ИТ заедници имаат особено значење во развојот и напредокот на технологијата како што ја знаеме денес, а исто така и директно влијание на софтверската и ИТ индустрија.
Македонија во изминативе две децении создаде сериозна програмерска заедница којашто ја сочинуваат неколку значајни групи фокусирани на различни технологии и платформи во ИТ сферата“, велат организаторите.
Настанот ќе биде своевидна ретроспектива на она што е направено, но еден дел ќе се однесува и на иднината и она што ќе се направи во иднина. Темите кои ќе бидат разгледани на во МКЦ вклучуваат:
- Историја – Pulp Fiction, настанок на групите
- Успеси и порази
- Предизвици на заедницата
- Влијанието на заедницата врз програмерите
- Влијанието на заедницата врз технологиите
- Влијанието на заедницата врз бизнисите
- Иднината на програмерските заедници
Она што радува е лисата на говорници, во која има и ветерани, но и помлади учесници. Гости на настанот ќе бидат:
- Хајан Селмани, МКДОТНЕТ
- Владимир Мелоски, ИТПРО
- Панче Чавковски, ЈУГМК
- Марко Палоски, ФИНКИ Тек Клуб
Домаќин е Марјан Николовски од МКДОТНЕТ.
Настанот се одржува на 19 септември, со почеток од 17:00. За повеќе податоци може да ја разгледате Facebook страницата.