ИТ настан: Во Драмски се организира групно гледање на DotA 2 International

Од 18 до 21 во Скопје ќе се гледа DotA 2 International. Драмски Кафе Бар ќе биде одредиште на сите фанови на популарната игра, а локацијата е официјално PUBSTOMP место за гледање на DOTA 2 International турнирот во Скопје. PUBSTOMP се официјално подржани од Steam како локални настани кои ќе се одржат секаде каде што ќе има интерес. Затоа ако сте фан на DotA 2, соберете ги пријателите и навивајте за вашиот омилен тим во Драмски Кафе Бар. Организаторите се погрижија сите натпревари да можат да бидат пренесувани на големо платно со пренос од Twitch ТV. Настанот започнува на 18 јули, а дневно ќе се гледаат помеѓу 3 и 6 натпревари – најдобар од 3, а финалето ќе се игра во најдобар од 5 формат. Сите натпреварите започнуваат во 18:00.

[youtube]WArlISn_st0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии