ИТ Настан: Веб и мобилни разговори на DevCon Скопје

На 11 мај во „City Hall“ во Скопје  ќе се одржи DevCon. Настанот е наменет за девелопери, но можат да го посетат сите.

Посетителите на DevCon ќе можат да слушнат за најновите технологии и трендови од мобилниот и веб секторот. Ќе се зборува за технологии, јазици и библиотеки. Говорници ќе бидат одбрани етаблирани професионалци од Македонија, но и од други држави. Секако овие конференции се одлична можност и за дружење и запознавање со заедницата.

Што се однесува до говорниците на првиот DevCon ќе говорат: Кристијан Ристовски, подоцна обајавено; Anomaly Detection / Machine Learning, Стојан Ганчев; Introduction to GraphQL, Стефан Јанев; Electron: Desktop apps with JavaScript, Бојан Божиновски; React Hooks. What, how, and why, Димитар Делев;  Writing correct programs, Боро Ситниковски; DoS-ing Sedmica, Андреј Трајчевски и ProtoBuf: gRPC and Versioned Technology Agnostic Communication, Радослав Габровски.

Посетата на конференцијата е бесплатна, но капацитетот е ограничен па посетителите треба да се регистрираат. За да нема злоупотреби, организаторот овозможи единствено индивидуални пријави. Ако задоцните со пријавата и нема простор за други учесници, не очајувајте, говорите и настанот ќе бидат снимени и ќе може подоцна да ги изгледате.

Ваква конференција за веб и мобилни технологии за првпат ќе се одржи во Македонија. Организаторите ветуваат дека ова ќе стане редовна годишна средба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии