ИТ настан: Охридските ученици од социјални семејства бесплатно ќе учат програмирање

Учениците на возраст 16 до 18 години, кои доаѓаат од социјално загрозените семејства, ќе можат бесплатно да учат програмирање на курс организиран од охридскиот универзитет „Св. Апостол Павле“, во соработка со Црвениот крст. Проектот е дел за општествена одговорност на хуманитарната организација, со намера да ги обучи сите студенти со нови вештини, и со тоа да им помогне при идни вработувања.

„Бидејќи се работи за курс наменет за млади луѓе кои немаат познавања од веб дизајн и програмирање, програмата е направена на начин што ги покрива основите на креирање на веб сajтови, со силен акцент на стекнување на практично знаење и искуство. Овој курс има за цел да ги подготви учениците за да бидат способни самите да направат едноставна веб сајт по завршувањето на курсот, со цел поттикнување на определба за нивното идно образование и кариера, а истовремено и како потенцијален извор на приход“, вели Јасна Тренгоска, еден од тренерите на курсот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии