ИТ настан: Трето издание на JavaSkop

JavaSkop ’18 е еден од настаните кои се речиси задолжителни за девелоперите во Македонија. Ова е трет пат настанот да се одржува под ова име, а претходното може го знаете под името JavaDay.

Агендата и презентерите за JavaSkop ’18, кој ќе се одржи на 31 март, може да ги најдете на следниот линк.

Минатата година настанот го посетија над 400 посетители, а дел од атмосферата може да видите и на сликите.

Регистрациите за настанот се веќе отворени и доколку сакате да присуствувате, задолжително е да се пријавите на EventBrite.

Локацијата и овој пат останува иста, Cineplexx, каде во две кино сали ќе може да ги слушате предавањата, а во фоајето ќе може да се запознаете со спонзорите.

Настанот е бесплатен и од отворен карактер, што значи дека секој може да се пријави и да присуствува. Предавањата ќе бидат на англиски јазик.

Следете го сајтот на Java User Group Macedonia за нови информации околу настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии