ИТ настан: Третиот Startup Grind Skopje ќе биде за битките да се одржи eден стартап

Иако 58 отсто од стартапите, во анкета на Startup Grind, велат дека сакаат да имаат стабилен раст и лојални клиенти, тие во реалност се соочени со куп предизвици – од немање комуникација со клиентите и купувачите, до стартување без промоција или креаирање на навистина вреден продукт. Овие предизвици ќе бидат ставени на дискусија на 7-ми октомври на третиот Startup Grind Skopje, настан кој го поддржува локалното претприемаштвото, и се води според принципите на глобалната Startup Grind заедница, поддржана од Google for Entrepreneurs. Во Македонија настанот го организира бизнис тренгинг центарот Clear View.

Првите два настани во Скопје беа одлични, се зборуваше за стартап натпреварите и мобилните апликации, за видеоигрите и стартап акселаторите, и слушнавме од ангел-инвеститорите што треба да се направи за да им се земат парите. Овојпат, во третото издание, ќе чуеме стартап приказна од малку поискусниот Игор Трајковски, основач на Time.mk. Тој ќе зборува за почетоците на агрегаторот и за битката со македонските медиуми кои сакаа да го забранат. Денес Time.mk е убедливо најпопуларен сајт на македонскиот Веб, и е сајт кој им понуди „демократизација на вестите“ на читателите, како што вели Игор.

Овојпат ќе има и работилница „Имам производ… Како до прв клиент?“, водена од Јоцо Тодоровски од Ultimate Marketing Formulas. Јоцо ќе говори за грешките во бизнисот, како да се дизајнира маркетинг стратегија и како да се продаде стартапот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии