ИТ настан: Tech Flow Skopje – Agile Myth Busters

Следната недела во Скопје ќе се одржи Tech Flow Skopje. Станува збор за митап организиран од Endava на кој ќе се разгледува „Agile“ пристапот за развој.

Развојот на agile системи е посебно напреднат последниве десетина години. Дел од темите всушност ќе бидат фукусирани на флексибилниот пристап за развој, но друг дел ќе биде фокусиран на разоткривање на најпопуларните митови поврзани со технологијата.

На настанот за своето Agile искуство ќе говорат дел од експертите од Endava. Агендата изгледа вака:

  • 17:00 – 17:30 – Регистрација
  • 17:30 – 17:45 – The Agile Methodology is a great process – Ивана Бошковска, сениор тестер
  • 17:45 – 18:00 – Truth or myth: Agile is better than Waterfall – Игор Настоски, сениор АМ инженер
  • 18.00 – 18.30 – No upfront design in Agile – Васил Динковски, сениор бизнис аналитичар
  • 18:30 – 18:45 – Пауза за кафе
  • 18:45 – 19:00 – Are we humans Agile? – Орце Димитриевски, Development Lead
  • 19:00 – 19:15 – Do we really care about security in Agile? – Драган Илиевски, тестер
  • 19:15 – 19:45 – A template for Agile Transformation Projects – Борис Ристов, Discipline Lead
  • 19:45 – 20:00 – Pitfalls in the Agile Journey as BA – Љупчо Крстевски, сениор бизнис аналитичар
  • 20:00 – 20:30 – Панел дискусија и коктели

Секако помеѓу говорите ќе има простор за запознавање и дружење, како и за размена на мислење и знаење што е најважно на овие настани.

Agile Myth Busters настанот се одржува на 30 мај, во канцелариите на Endava. Регистрациите за настанот се веќе отворени и може да се регистрирате тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии