ИТ настан: Таулант Рамабаја гостува во хаклабот КИКА, ќе зборува за крипто-валутите

Гувернерот Димитар Богов можеби ги прогласи биткоините во Македонија како незаконско средство за плаќање, но тоа не треба да ги спречи другите да дискутираат за крипто-валутите, кои според многумина се иновативен начин за онлајн плаќање. Затоа во четврток, 19 март во 19:00 часот, хаклабот КИКА организира настан на кој ќе се дискутираат крипто-валутите и нивниот развој.

Во КИКА ќе гостува Таулант Рамабаја, експерт за биткокини и ко-основач на Bitsapphire.com, што е стартап за развој на крипто-валути. Стартапот веќе има развино неколку креативни биткоин решенија, како coinality.io и дигиталниот паричник Moonstone.io; и има соберено над половина милион долари во биткоини преку краудфандинг кампања за нова музичка платформа Peertracks.

Г. Рамабаја ќе зборува за каде оди биткоин индустријата, за технологијата зад blockchain, односно како работат биткоините, како да се прават паметни договори, за теоријата на игра… Хаклабот КИКА е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да научат нешто повеќе, или да споделат знаење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии