ИТ настан: Студентите на ФЕИТ организираат турнир во DotA 2

Турнир во DotA 2 ќе се одржи во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ. Турнирот ќе се одржи од 15 до 17 мај, а го организира Студентскиот парламент на ФЕИТ. За најдобрите ќе има награди, иако идејата пред се е дружење и забава. Турнирот е отворен за сите кои сакаат е-спортовите. Игрите ќе може да се следат од амфитеатарот на ФЕИТ каде ќе бидат следени и коментирани во живо.

„Студенти, заинтересирани ли сте за e-спортови? Без разлика дали сте фанатик или едноставно играте за забава, придружете ни се од 15.5.2015 до 17.5.2015 во просториите на ФЕИТ, на првиот DOTA2 турнир организиран од СПФЕИТ! За време на турнирот ќе имате шанса да ги следите натпреварите во живо, да се дружите со натпреварувачите, други љубители на играта како и организаторите“, велат организаторите од Студентскиот парламент на ФЕИТ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии