ИТ настан: Студенти на ФЕИТ победија на NASA Space App Challenge во Скопје

Студентите на ФЕИТ, Никола Петков, Стефана Филпова и Филип Спасовски со својот проект за визуелизирање на хоризонтот и преостанатата зелена површина се победници на NASA Space App Challenge Скопје. На првиот ваков хакатон кој се одржува во Македонија – настанот е интернационален низ 83 локации во светот – учествуваа околу 60 студенти, инжинери, астрономи и ентузијасти кои се обидoа да најдат софтверско и хардверско решение за предизвиците кои ги постави Американската вселенска агенција со цел да го подобрат животот на Замјата и истражувањето во Вселената.

Два тима од Македонија се избрани да одат на глобалниот натпревар на NASA каде ќе ги претстават своите проекти. Најдобриот проект на тројцата студенти e oпишан како сензори за Сонцето и хоризонтот на Земјата кои ќе ги користат камерите на ArduSat, првата отворена Вселенска мрежа преку која се контролира сателит на кој има околу 15 сензори, и која може да се искористи „од обичните луѓе да прават експерименти, игри, апликации, или било кои нови и интересни решенија“. Студентите исто така направија и апликација за „животниот сензор“ која ги скенира зелените површини на Земјата. Повеќе детали за нивните проекти ќе најдете тука. Вториот тим кој ќе оди во финалето е тимот од Факултетот Св. Апостол Павле од Охрид. Тие работеа на We love data Satellite – Observation-Forecast App.

2 коментари на “ИТ настан: Студенти на ФЕИТ победија на NASA Space App Challenge во Скопје

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии