ИТ настан: Стартува четвртиот саем за роботика Робомак 2013

Денеска официјално беше отворен четвртиот по ред семинар и натпревар за роботика Робомак 2013, организиран од EESTEC LC, IEEE и Студентскиот парламент на ФЕИТ. Саемот за роботика ќе се трае до 15-ти март и ќе се одвиваат различни работилници со студенти, асистенти и професори на ФЕИТ.

Исто така на РобоМак 2013 се пријавени и околу 70 домашни и триесетина странски учесници, кои сите заедно на 16-ти март ќе ги одмерат силите на своите роботи во вкупно 5 категории, од кои две се нови.

Покрај сумо, хуманоидот и лаварантитот, од оваа година ќе има и измешани тимови кои ќе работат на роботска рака. Таа ќе треба да биде дизајнирана да има уникатни движења кои ќе ги симулираат движењата на човековата рака. Втората нова категорија е „Pololu“ во која тимовите ќе треба да дизајнираат роботи кои ќе следат некоја линија, и после неа да почнат да се натпреваруваат.

3 коментари на “ИТ настан: Стартува четвртиот саем за роботика Робомак 2013

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии