ИТ Настан: Startup Weekend Skopje

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Дали имате некоја идеја за која не сте сигурни дека ќе успее? Или имате смислен проект за кој сте сигурни дека ќе биде успешен, но никогаш не сте имале време да го реализирате? Startup Weekend е место на кое може да ја реализирате, проверите и презентирате вашата идеја. Учесниците ќе можат да си пронајдат тим, да направат прототип, да ја тестираат и да ја презентираат својата идеа.

Оваа година Startup Weekend powered by Google for entrepreneurs ќе се одржи од 19 до 21 октомври во просториите на CEED HUB. Овој Startup Weekend е организиран од Solveo.

Условите се исти како и претходно. Идејата на која учесниците работат, треба да биде нова, а не нешто на кое работеле претходно. Надвор од ова речиси и да нема некакви ограничувања, може да се одбере и реализира било која идеја од речиси било која област. Освен можност за работа на идејата и запознавање на луѓе со слични размислувања, учесниците ќе запознаат и ментори, развивачи, дизајнери; сè што би можело да им затреба за понатамошна реализација на идејата.

Судиите на настанот се експерти во своите области: Глигор Дачевски, основач и директор на DoXteam; Сиње Вимсалу, World Business Angels Investment Forum; Димитар Ковачевски, професор на University American College Skopje; Ѓорги Кушевски, CEED Hub Скопје.

Повеќе податоци и билети за настанот може да пронајдете на страница на Startup Weekend.


Напомена: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии