ИТ Настан: Startup Weekend Skopje – местото каде мотивацијата и ентузијазмот се спојуваат

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Конечно во Скопје ќе се одржи глобален настан поддржан од Google for entrpereneurs кој поттикнува да се развиваат нови креативни идеи кои подоцна имаат потенцијал да прераснат во големи успешни бизниси. Инспиративен настан кој на сите учесници ќе им отвори нови хоризонти и ќе ги инспирира да го откријат својот потенцијал.

Станува збор за Startup Weekend Skopje кој ќе се одржи од 19ти до 21ви октомври во CEED HUB. Настан кој во светски рамки има инспирирано над 193.000 учесници во повеќе од 150 земји. На Startup Weekend Skopje учесниците ќе имаат можност да ги споделат своите креативни идеи и ќе стекнат вештини за создавање на нешто ново и иновативно.

Прочитај повеќе зошто треба да учествуваш на овој настан:

Зошто ова искуство е неопходно во твојот живот?

Секое ново искуство е добредојдено, но кога станува збор за Startup Weekend не само што е добредојдено туку и топло препорачано од многу претходни учесници. Самото учество на овој настан нуди многубројни шанси како запознавање на нови луѓе, усовршување на твоите вештини, стекнување нови знаења од различни области. Ќе имаш можност да ги поставиш сите прашања, да дискутираш на различни теми и сите дилеми да ти бидат решени. Енергијата што циркулира на ваков настан ќе те мотивира до небо и ќе бидеш спремен/а да одговориш на сите предизвици што те чекаат во иднина.

Како можеш да се пријавиш и која би била твојата улога на Startup Weekend?

Твоето место можеш да го обезбедиш преку купување на карта. Секој ја купува својата карта индивидуално. Доколку сакаш да се пријавиш со твој партнер/ка секој од вас треба да си обезбеди карта, а на самиот настан ќе можете да формирате тим. Исто така, доколку имаш идеја ова е вистинската шанса да ја споделиш. Важно е да запамтиш дека сите идеи се гласаат и тие идеи кои ќе добијат најмногу гласови ќе се развиваат понатаму во текот на викендот. Формирањето на тимови ќе се случи веднаш после гласањето, во зависност од твоите вештини и познавања можеш да се приклучиш во тим каде ќе можеш да конкретизираш како би можел/а да помогнеш.

Koлку треба претходно да се подготвиш за да постигнеш добри резултати?  

Не е потребна посебна подготовка. Потребно е со тебе да го понесеш својот амбициозен и претприемачки дух и да дадеш се од себе за да креираш нешто ново. Друго што е важно е следново: доколку имаш идеја која сакаш да ја споделиш треба да подготвиш 1 минутен pitch. Секој учесник кој има идеја треба да ја презентира кратко во рок од 1 минута, која ќе нуди решение на одреден проблем. Потоа идеите се гласаат и се формираат тимови.

За да бидеш дел од Startup Weekend искуството, е да дојдеш и да ја искористиш можноста да креираш нешто ново, да се инспирираш и да запознаеш луѓе кои ќе ти отворат нови хоризонти. Обезбеди си го твоето место навреме тука. Kaртите се во ограничени количини.

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за Startup Weekend Skopje можеш да се дојдеш на networking настанот денес (04.10.2018) во Public Room од 19:30 часот, каде ќе бидат одговорени сите твои прашања.

Startup Weekend Skopje 2018 e поддржан од: Solveo, CEED HUB, Sparkasse Bank, Best Way Investment, Brainster, Swiss Agency for Development and Cooperation, Swiss Contact, Пивара Скопје, Фонд за иновации и технолошки развој, МК Host, Backyard, Ladna, Boulevard Bar&Kitchen, UNDP, Semos Education.


Напомена: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.