ИТ Настан: Startup Weekend по осми пат го освојува Скопје

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Techstars Startup Weekend Скопје e еден од настаните кои се организираат последните 8 години кои го одбележуваат овој период на годината. Десетици млади ентузијасти добиваат можност да ги развијат и реализираат своите бизнис идеи.

Добра вест е дека Скопје и оваа година ќе биде домаќин на настанот. Од 29 ноември до 1 декември во просториите на Инофеит 50 ентузијасти, креативци и иноватори повторни ќе се соберат и ќе ги развиваат своите идеи и бизнис решенија. За само 53 часа со помош на своите ментори треба својата идеја да ја развијат во потенцијално бизнис решение.

Минатата година Теодора Чижбаноска, Олга Рајчиќ, Стефан Алексиќ и Митко Орцев ја креираа апликацијата Challenger, која ги поттикнува и наградува граѓаните за нивните акции кои помагаат во борбата против загадувањето на воздухот. Со поддршката од АРНО, добија награда од Фондот за иновации и технолошки развој и ваучер за патување на промотивен настан во странство и планираат да ја лансираат наскоро.

Startup Weekend е непрофитен настан и секогаш се организира со помош на компании и индивидуалци кои сакаат да го поддржат. Оваа година Startup Weekend Skopje го организа од тимот на Solveo. Досега, настанот го поддржаа компании Шпаркасе Банка, Македонски Телеком, UNDP, Eвропа, МК Host, Пивара Скопје, Brainster, MK Host, CEED HUB и ФИТР. Отворен е и повик за сите општествено и социјално одговорни компании кои се заинтересирани да го поддржат настанот, и да им пружат поддршка на младите претприемачи.


Напомена: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии