ИТ Настан: Startup Grind повторно во Скопје

IT.mk редакција

во feature, ИТ.МК

По пауза од неколку години, Startup Grind Skopje се враќа на стартап сцената. За оние кои прв пат слушаат за овој настан, Startup Grind е глобална иницијатива поддржана од Google for Entrepreneurs, која организира настани во скоро 600 градови низ целиот свет. Целта на овие настани е да се поврзе корпоративниот сектор со стартап заедницата и сите кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

„Тајмингот за враќање на Startup Grind на сцената во Скопје е одличен!“, вели Теодора Николовска од Vrootok, кои се организатори на настанот во Скопје. „Стартап заедницата во Македонија доживеа голем развој во последните неколку години и моменталната претприемничка клима е одлична за споделување на нови исксутва и знаење. За ова издание се одлучивме малку да ја измениме стурктурата и за првиот настан да организираме панел дискусија. Целта е да се споделат корисни искуства на панелистите, воедно давајќи шанса и на публиката да се вклучи во дискусијата и да поставува прашања.

Ја одбравме темата “Brutally Honest”, бидејќи панелистите искрено ќе ги споделат искуствата со кои се соочиле при основање и одржување на својот бизнис. Во првите два дена од официјалното објавување на настанот веќе се резервираа 60 од вкупно 150 карти за настанот, така што очекуваме одлична дружба и многу споделени искуства и совети.“

Startup Grind Skopje е локално претставништво на глобалната Startup Grind заедница, која едуцира, поврзува и инспирира претприемачи. На глобално ниво, меѓу говорниците биле основачите на Pinterest, LinkedIn, Digg, Meetup, Basecamp, и познатите Steve Blank и Clayton Christensen.

Настанот ќе се одржи на 25ти октомври во 18:00ч. во Јавна Соба. Картите се бесплатни, а регистрацијата може да ја направите тука.

Настанот е во организација на Vrootok, а како главни партнери се јавуваат Brainster и Public Room.

За повеќе информации посетете ја фан страната на Startup Grind Skopje.


Напомена: IT.mk е медиумски партнер на Startup Grind.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии