ИТ настан: Стартапи, имате шанса да се претставите на Silicon Valley Open Doors Europe

Стартапите од Јужноисточна Европа се поканети да се пријават и учествуваат на натпреварот на Silicon Valley Open Doors Europe во Даблин. SVOD Europe е конференција во партнерство со Google European Headquarters, закажана за крајот на јануари во Ирска. Темата ќе биде „Unicorn vs Narwhal/Myth vs Reality” со предавачи кои ќе дискутираат за разликите помеѓу европските и американските стартапи, меѓусебната конкуренција и како се креираат компании вредни милијарда долари.

Тоа што е важно за регионот, е што оваа година е ставен фокус на стартапи од Јужноисточна Европа кои ќе се претстават пред американски и западноевропски инвеститори и претприемачи. Целта на SVOD Europe е да ја зближи европската ИТ сцена со американските претприемачи, и да им обезбеди на стартапите шанса да се натпреваруваат на сцена на која претходно се претставија гиганти како Evernote, Looksery (купен од Snapchat), Viewdle (купен од Google), Exxentex, DriveWay, Wrike и други. На стартап натпреварот на SVOD до сега учествуваа над 250 стартапи кои собраа вкупно 500 милиони долари инвестиции.

Рокот за пријавување е до 7-ми декември. SVOD ги повикува сите стартапи да се охрабрат да аплицираат. Повикани се сите – и тие стартапи кои се во рана фаза; и тие кои веќе имале први или повеќе инвестиции; и тие стартапи што работат со понапредни технологии како Интернет на нештата, финансиски услуги или хардвер; и тие што имаат креативно решение за B2B или B2C сервиси.

Откако ќе заврши аплицирањето, ќе следи објавување на 25-те стартапи кои ќе се презентираат на конференцијата. Изборот го прави бордот на SVOD, по што ќе следи задолжителен тренинг за да се осигураат дека стартапот ќе има добра презентација. Финалистите ќе се појават пред панел на десетици инвеститори, пред кои ќе имаат пет минути за презентација, и пет минути прашања од инвеститорите. Но, до финалето има долг пат кој започнува првин со пријавување.

1 коментар на “ИТ настан: Стартапи, имате шанса да се претставите на Silicon Valley Open Doors Europe

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии