ИТ настан: Српскиот Nordeus го најави својот четврт регионален хакатон

Српскиот Nordeus, креатор на супер популарната Facebook игра Top Eleven, која има над 10 милиони играчи, го најави својот четври хакатон кој ќе се одржи на 13 декември во во Белград. Станува збор за натпревар на кој за 24 часа ќе бидат креирани видеоигри на зададена тема. На натпреварот може да учествуваат учесници од целиот регион, доколку досега не биле дел од хакатонот. Тимовите ќе бидат составени од 3 до 4 учесници, а доколку немаат доволно луѓе Nordeus ќе ги спои со другите учесници. За сите ќе бидат обезбедени компјутери со два монитори и софтвер (Eclipse, Flash Builder, Photoshop CS5 и слично), но доколку сакаат учесниците можат да си донесат сопствен хардвер или софтвер. За сите натпреварувачи надвор од Белград патните трошоци и трошоците за сместување ќе ги покрие Nordeus.

Минатата година македoнските тимови Dark-1, Control и Muted имаа навистина одлилно претставување на хакатлонот. Dark-1 составен од Кристијан Трајковски, Ненад Стојановиќ, Марко Зарев и Симон Стојановски ја освои првата награда. Control, односно Марио Ампов, Стојан Димитровски, Тамара Димитрова и Дамјан Лозановски ја освои наградата за најоргинална игра.

Победниците покрај тоа што ќе можат да се пофалат дека имале најбрзи прсти ќе добијат дел од наградниот фонд кој оваа година е во износ од 10.000 евра. Заинтересираните можат да се пријават до 24 ноември на сајтот на Nordeus хакатон, по што ќе бидат избрани најдобрите и ќе бидат креирани 12 тимови. За мотивација погледнете што се случуваше на минатогодишниот Nordeus хакатлон.

[youtube]dvfaB4gJNXU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии