ИТ настан: Spark.me, најголемата регионална маркетинг конференција, е закажана за крај на мај

На крај на мај, и почетокот на јуни, во Беќиќи, Црна Гора, ќе се одржи најголемата регионална маркетинг конференција Spark.me, на која ќе гостуваат реномирани експерти од светски ИТ компании.

Од Spark.me се надеваат дека конференцијата ќе го повтори успехот од претходните две години, кога присуствуваат над 800 гости и 37 говорници. Засега нема којзнае колку детали за говорниците, најавен е само Рамон ДеЛеон, експерт за друштвени мрежи, кој му ги зголеми продажбите на Domino’s Pizza над 50 отсто и „допринесе кон реализација на бизнис кој годишно прави 7 милиони долари“. Останатите говорници ќе бидат откривани постепено до почеток на конференцијата.

Покрај говорници, на Spark.me има и стартап натпревар на кој може да се пријават стартапи од цела Европа. Победниците на Spark.me ќе добијат шанса да одат во Сан Франциско на TechCrunch Distrupt во септември. Но, за да учествувате првин на Spark.me ќе треба да се пријавите најдоцна до 4-ти мај, и да бидете стартап кој е креиран во 2013-та година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии