ИТ Настан: Софтверска архитектура – тема на првото издание на ReImagine

На 24 јануари годинава, во организација на компанијата IT Labs, ќе се одржи  првото издание на ReImagine, настан од отворен карактер. Тема на овогодишниот настан ReImagine: Architecture Unleashed е софтверската архитектура, како една од најактуелните теми во ИТ-индустријата во моментов.

Како главен говорник ќе имате шанса да го слушнете Јуџин Ковшиловски, технички директор на EnterpriseAlumni и поранешен технички директор на GoDaddy/Media Temple.

За најновите трендови во софтверската архитектура ќе зборуваат и Илија Мишов, ко-основач на IT Labs, и Благој Јанев, технички директор на IT Labs.

По предавањата следува панел-дискусија на којашто присутните гости ќе имаат можност да поставуваат прашања, но и да споделат свои искуства и размислувања поврзани со софтверската архитектура, а дел од посетителите ќе имаат можност да ја продолжат дискусијата на ексклузивна вечера со тројцата предавачи.

Настанот ќе се одржи на 24.01.2019 во Станица 26, со почеток во 17:30 ч. Влезот е слободен, а вашата резервација можете да ја направите на следниот линк.

Подетално за агендата на настанот и за темите на кои ќе зборуваат предавачите можете да прочитате тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии