ИТ настан: Со интернет мемиња ќе се исмејува Скопје 2014

Фондацијата Марко Кабранов стартува натпревар за најкреативно меме (или мим) во кое ќе се исмее или пофали проектот Скопје 2014. Натпреварот може да биде интересен и да генерира доста креативна содржина, иако делува како форсиран, бидејќи интернет мемињата се вирални феномени, односно се споделуваат само ако им се допаднат на корисниците или ако се однесуваат на актуелни настани. Можеби овој натпревар ќе ја продолжи дебата за Скопје 2014-та?

Во конкурсот можат да учествуваат мемиња поставени на официјалната Facebook страница на конкурсот, испратени до [email protected] или објавени со официјалниот хаштаг на Twitter, #meme2014. Имајте на ум дека мемињата што ќе користат говор на омаловажување, групни навреди, дискриминација и омраза ќе бидат отстранети од конкуренцијата.

Натпреварот е организиран од фондацијата Марко Кабранов, основачот на здружението Плоштад Слобода, и школата за странски јазици Каста Дива.

Конкурсот трае од 16 до 19 декември. Гласањето е на 20 декември. Повеќе детали, како и сервиси за генерирање мемиња и корисни фокти ќе најдете тука.

10 коментари на “ИТ настан: Со интернет мемиња ќе се исмејува Скопје 2014

  1. Јас не гледам никаква политика во текстот, а тоа некој ако чуствува со насловот дека се загрозени неговите политички фаворити тоа е веќе друга приказна!

    Порталот не насочува никој да превзема некакви активности, само известува за тоа што некој организира… нема потреба да ги „боите“ ако не ви се допаѓа тоа што е напишано… гледам дека „партиското обојување“ става нов метод на замолчување на медиумите, а богами и на целата МК јавност.

    Дечки, продолжете така!

    1. Во право си дека зазема страна. Но, организатор е здружението Плоштад Слобода кое протестираше против Скопје 2014. Затоа насловот е во тој контекст.

      1. nekoj si go smenil naslovot ili mene mi se sonilo?

        P.S.
        plus toa organizator e fondacijata, go ima toa vo tekstot, barem toa ste trebale da go znaete, ako e od vas tekstot!!!!!
        brej deca, kako nekoj da vi veruva, koga nema vistina ni vo komentarite od vas!?
        koj znae kade odi ova makedonsko novinarstvo so novinari kako vas?
        vistina, fakti i analizi, toa se bara od vas, a ne lagi i konstrukcii!
        podobro bi bilo da predviduvate kolkumina bi se prijavile, na krajot i bi pogodile, ako imate barem malku fortuna, neli!?
        zaboraviv, mnogu sakam koga sum vo pravo!!!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии