ИТ настан: Следете ја LeWeb '13 во живо и дознајте што не очекува во следните 10 години

Десетта година по ред на влијателната интернет конференција LeWeb ’13, која се одржува од 10 до 12 декември во Париз, ќе се дискутира за „следниве 10 години“. На конференцијата се соберени куп експерти, инвеститори, стартапи, еден официјален блогер од Македонија, и мноштво пионири во ИТ индустријата кои ќе ја разработат темата и ќе се обидат да ја предвидат иднината преку статистики и искуства. Kaко што вели познатиот инвеститор Фред Вилсон кој ја отвори конференцијата „иднината ќе ја креираат не технологиите, туку трендовите кои влијаат на општеството“.

Иако Париз е далеку, за среќа на многу од нас LeWeb ’13 има и одличен стрим во живо на YouTube преку кој може да ја следите целата конференција. Програмата ја имате на официјалниот сајт. Конференцијата не треба да се пропушти.

[youtube]iUjm8k1Wsxg[/youtube]

[youtube]aoqVHzg7r3w[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии