ИТ настан: Следете ја е-Општество 2012 во живо

Утре, среда 14 ноември, започнува дводневната меѓународна конференција e-Општество 2012 чија овогодишна тема „отворено образование за отворено општество“. На конференцијата која што се оддржува веќе по осми пат во Македонија, ќе гостуваат домашни и странски експерти кои ќе дискутираат за како отворените образовни ресурси ќе помогнат во подобрување на образованието.

Е-Општество 2012 започнува во среда во 10:00 часот и ќе може да ја следите во живо благодарение на vozivo.mk, видео сервис на Фондацијата отворено општество наменет за пренесување на јавни настани во живо. Доколку го пропуштите стримот во живо, видеата ќе бидат објавени на YouTube.

На првиот ден од конференцијата ќе се разработуваат теми поврзани со отворените образовни ресурси и отворениот пристап. Една сесија ќе биде посветена на примената на софтвер во формалното образование, а особено на оној со отворен код. Првиот ден ќе заврши со препораки за развој и иновации кои може да се инкорпорираат во образовниот процес.

Во вториот ден ќе се дискутира за градење на заедница на интернет и концептот „Отворен универзитет“ како идеја кон која се насочува високото образование. Покрај тоа, ќе се анализира и улогата на граѓанскиот сектор во процесот на создавање ресурси кои служат за едукација, во формалното, но пред сè во неформалното образование.

Повеќе детали за конференцијата ќе најдете на официјалниот сајт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии