ИТ Настан: Скопје хакатон – Blockchain+AI edition

Викендот што ни претстои Скопје ќе биде домаќин на Skopje Blockchain+AI Hackathon

Хакатонот е одлична можност за сите кои се заинтересирани за овие технологии да работат со професионалци кои веќе имаат долгогодишно искуство со овие технологии. Учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со луѓе кои работат на стартапи и со истомисленици. Секако ќе има можности и за запознавање на нови луѓе и дружење.

Учесниците ќе работат на блокчејн и вештачка интелигенција, а ќе има и неколку предизвици. Првиот предизвик кој е веќе најавен доаѓа од CEED Hub „Креирање на маркетинг или дигитални алатки кои ќе го намалат проблемот со пластичен отпад во Скопје“.

Ментори кои ќе им помагаат на учесниците на овој настан ќе бидат:

„Учесниците ќе имаат можност да работат со експерти кои имаат големо искуство со блокчејн технологија и вештачка интелигенција.“ – вели Алекс Орозко, еден од организаторите на настанот.

Хакатонот се одржува од 22 до 24 јуни во Јавна соба. Учеството е бесплатно, а ќе има и пригодни награди за најдобрите.

Настанот е поддржан од SwissEP, Startup Macedonia, Womenpreneurs Stories, Public Room, CEED Hub Skopje, Brainster и GSIX. 

Заинтересираните може да се регистрираат на Eventbrite.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии