ИТ настан: Сите се поканети на Social Media Day Macedonia 2015

Колкава е моќта на друштвените медиуми во нашето секојдневие? Ова прашање ќе биде одговорено на четвртиот по ред Social Media Day, кој ќе се одржи на 26-ти јуни во Скопје. Денот на социјалните медиуми е иницијатива започната од Mashable со која се слават новите медиуми, и која се одржува ширум светот на крајот на јуни.

На настанот во Скопје, организиран од маркетинг агенцијата New Media MK, е поканета целата интернет заедница, од ентузијасти за друштвени медиуми, до експерти кои работат со нив, до луѓе што сакаат да се дружат преку мрежите. Темата ќе биде моќта на Facebook, Twitter, Instagram и другите мрежи што ни го пореметија секојдневието и не натераа да трошиме повеќе време на нив преку десктоп или мобилен компјутер, отколку на било што друго.

„Редовно комуницираме на интернет, ама секогаш е убаво да се собереме на едно физчко место сите „зависници“ од социјални медиуми, да се дружиме и да размениме лични искуства“, вели Дарко Булдиоски од New Media Mk.

Како и претходно, и оваа година ќе има говорници на настанот кои ќе го споделат своето искуство со друштвените мрежи. „Ќе има 4-5 презентации, ама детали ќе пуштиме во среда“, вели Дарко во својот пост на Комуникации.нет. „Како најава само да спомнам дека ќе се зборува за reddit, #ФотоНаНеделата, #ЛетовоСакам, #НаТочак…“.

Social Media Day Macedonia е закажан на 26 јуни, 2015 со почеток во 20 часот, во комплекс базен Ирина, во Припор, Скопје.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии