ИТ настан: Sinister Days е натпревар за хорор фотографии, приказни и видеа

Фотографите Јане Наумоски и Ерина Богоева организираат креативен предизвик за сите љубители на хорор уметноста. Станува збор за избор на најдобро хорор видео, куса приказна, поема, фотографија или цртеж. Пријавувањето за Sinister Days е веќе започнато и се чини дека и според темата доаѓа во вистински период, неколку недели пред Halloween.

Натпреварувачите во овој период можат да испратат колку сакаат дела, а сите кои ќе стигнат од 13 до 31 октомври ќе учествуваат во изборот. Потоа жирито во состав Кристина Манчева, Ерина Богоева, Велијан Јагев, Димитар Атанасов и Јане Наумоски ќе ги одберат надобрите три. Сите дела ќе бидат објавени на Facebook страната на Revoshot.

Победниците ќе освојат брендирана Sinister Days маица, а првата награда е привезок за ланче од Design and Berries, втората награда е хорор книга, а третонаградениот ќе добие постер од филмот Shining.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии