ИТ настан: Секој кој сака пиво и програмирање е поканет на Beеr & Code 10

Пиво и муабети за кодирање се чини се идеална вечер за програмерите. Ова се покажува со нов Beer & Code настан кој ќе се оддржи по десетти пат во организација на Fridgecheck. Во овој стартап работат македонски програмери, но е воден од хрватскиот основач Иван Мајсторовиќ кој го стартуваше Beer & Code со цел да ја запознае македонската ИТ сцена. Засега тоа му успева бидејќи настаните се покажуваат како успех.

Секој настан има разновидни презентации, од претставување на стартап, до како да се прават пари онлајн, за основите на програмирањето или зошто програмирањето помага со маркетингот. Десеттиот Beer & Code ќе биде за XMPP, односно за XML протоколите за стримање за инстант комуникација. Гостин ќе биде Бранислав Бајловски.

Пријавете се за настанот тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии