ИТ настан: Seavus и SEDC ве покануваат на конференција за 5G мрежи

Од 60Ghz WiFi до супербрз 5G – ова е темата на конференцијата Next Generation Wireless, која ја организираат Seavus и SEDC. Кoнференцијата e бесплатна, ќе се оддржи на 5-ти декември, и е отворена за сите заинтересирани кои сакаат да слушнат предавања од домашни и интернационални експерти што ќе говорат за новите мрежи и како ќе биде светот поврзан во иднината.

Конференцијата ќе се фокусира на идните мрежи кои ќе ги поврзат луѓето и уредите, кои ќе бидат доволно брзи и моќни да се користат за технологии и услуги кои денес едноставно не може да ги замислиме. Во иднина тоа ќе се нарекува „поврзано општество“ за кое ќе говори директорот за хардверски дизајн од Ericsson, Игор Тасевски. Предавање ќе имаат и професорката од Институтот за телекомуникации, Лилјана Гавриловска која ќе зборува за „5G: концепти и решенија“; асистентот од факултетот за информатика од Битола, Никола Рендевски кој ќе зборува за 60Ghz mm-бранови; Лазар Динов и Горан Јордановски од Македонски Телеком ќе зборуваат за нивното искуство во Телеком со оптимизирање на сообраќајот; и професорот Александар Ристески од Институтот за телекомуникација кој ќе ги предизвика безбедноста на 5G мрежите.

Настанот започнува од 10:00 часот во Seavus Incubator.

nextgenwireless

1 коментар на “ИТ настан: Seavus и SEDC ве покануваат на конференција за 5G мрежи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии