ИТ Настан: Роботика, автоматика и забава на Robomac 2019

Добра вест за сите љубители и робо-ентузијасти, од 18-ти до 23-ти март се одржува натпреварот во роботика и автоматика Robomac 2019. Натпреварот го организира студентскиот огранок на ИЕЕЕ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а оваа година се одржува деветти пат.

Она што е интересно е дека за првпат оваа година ќе се одржи и натпревар за јуниори, RoboMac Junior. Целта на овој дел на натпревар е да се приближи роботиката до помладите. Натпреварот е предвиден за средношколци, а ќе може да учествуваат средношколци од цела Македонија. Учесниците ќе се запознаат со основите на роботиката и вештачката интелигенција. Освен теоретски предавања, ќе имаат можност да работат со роботи и да програмираат и да управуваат за нив.

Главниот настан сепак секако е натпреварот за „сениори“. Тука учесниците можат да се натпреваруваат во неколку категории: Роботска рака, Сумо, „Line Follower“, Лавиринт, „AI Football“ и „Sphero“.

„Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија“, велат организаторите.

Финалниот натпревар на Robomac во сите категории ќе се одржи на 23 март 2019 година, пријавувањето за натпреварувачкиот дел трае до 10 март 2019 година. Повеќе детали за настанот на официјалната страницата на Robomac.