ИТ настан: Робомак 2012

Роботите ќе ја освојуваат Македонија од 20 до 25 февруари. По трети пат по ред ќе се одржи најмасовната работилница за роботика на Балканот – Робомак 2012, организирана од студентската организација EESTEC и македонската секција на IEEE.

Во тие четири дена околу 100-тина учесници од цела Европа ќе можат да следат тренинзи од македонски експерти по роботика. На 25-ти февруари ќе следува финалната „битка меѓу роботите“ во Македонска Опера и Балет. Учесниците ќе се натпреваруваат во 4 категории: роботска трга, хуманоид, сумо и напредно програмирање. Влезот е бесплатен.

„Можноста за практична работа на роботи не е честа појава кај нас, па учеството на овој настан е ретка прилика за студентите да се здобијат со практично искуство од областа на роботиката.“, вели EESTEC.

„Со оглед на тоа дека станува збор за интернационален настан, придобивките од овој проект се и размена на искуства и подобрена комуникација помеѓу студентите од европските универзитети, работа во тимови во интернационална средина, анимација на студентската креативност, како и промоција на Македонија и македонската култура.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии