ИТ Настан: Регионален стартап тренинг во Македонија

Од 13 до 16 мај Скопје ќе биде домаќин на стартапи од Ерменија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Украина, Србија, Азербејџан и Грузија. Станува збор за иницијатива на американскиот Стејт департмент, Глобална иновација преку наука и технологија (Global Innovation through Science and Technology – GIST). Поддршка на иницијативата стигна и од VentureWell, а локално настанот ќе го поддржи Startup Macedonia.

Настанот е наменет за стартапи, со посебен фокус на државите од поширокиот регион. Дополнително, потребно е присуство на најмногу два претставници на стартапот кои се на возраст помеѓу 18 и 40 години. Веројатно најважно за стартапот е областа во која работи да биде технологија или наука.

Тренингот на стартапите локално ќе го прави Startup Macedonia. Посетителите ќе се здобијат со знаење, алатки и вештини за развој и раст на нивната компанија. По завршување на кусите обуки следи и демо ден на кој компаниите пред бизнис лидери, инвеститори и креатори на политики ќе ги претстават своите решенија.

Пријавувањето трае до 1 април, а сите заинтересирани може да го направат ова, како и подетално да се запознаат на веб страницата за настанот.