ИТ Настан: Разговори за „Software as a Service“ на третата Google Developers Group средба

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.МК

На 9 октомври е закажан третиот митап организиран од Google Developers Group Skopje, а темата е „Software as a Service starter pack“. Настанот е отворен за сите, а се разбира дека најзаинтересирани би требало да бидат девелоперите кои развиваат SaaS апликации со користење микросервиси. Гости предавачи на овој настан се Дамјан Величковски и Владимир Томановски, DevOps и софтверски инженери од Keitaro, кои ќе презентираат практични примери и live deployment на креирање SaaS.

Растот на Software as service(SaaS) во последниве години е огромен. SaaS продуктите дистрибуираат онлајн податоци кои се достапи од пребарувач на било кој уред. SaaS интензивно го менува функционирањето на организациите. Компаниите понатаму продолжуваат да го хостираат софтверот и да обезбедуваат константна ИТ поддршка. Ова обезбедува многу поголема мрежна безбедност, поголема соработка, додатни функционалности и многу едноставни калкулации на цени. Токму атрактивноста на ова поле за развој е една од причините SaaS да биде тема на следниот Google Developers Skopje.

Software as a service (SaaS) е софтверски дистрибуционен модел во кој third-party provider хостира апликации и ги прави достапни за онлајн корисници. Добри примери за вакви сервиси се: Netflix, BigCommerce, Google Apps, Salesforce, Dropbox, MailChimp, ZenDesk, DocuSign, Slack, Hubspot и многу други.

Предавачите на овој настан ќе зборуваат и за Golang, Kubernetes кој претставува систем со отворен код за автоматизирање на деплојмент, скалирање и управувањето со контејнерирани апликации.

Во вториот дел од презентацијата ќе има пример за Microkubes deployment на Kubernetes во живо. Присутните можат паралелно во живо да го следат примерот, но ќе биде потребно да си понесат лаптоп.

Повеќе за настанот, агендата како и говорниците и изненадувањата може да дознаете на профилите на GDG Скопје на Facebook, Twitter и Instagram.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии