ИТ настан: Работилници за млади за реупотреба на електронски отпад

Од 19 до 22 октомври ќе се оддржи работилница за деца за реупотреба на електронскиот отпад, во склоп на Меѓународниот филмски фестивал Giffoni Macedonia, организирана од фондацијата Метаморфозис. Малите корисници преку ликовни работилници со цртежи ќе илустрираат интересни едукативни факти за електронскиот отпад, а потоа овие цртежи ќе бидат дигитализирани и достапни на www.oer.mk како едукативни помагала. Во рамки на фестивалот ќе учествуваат повеќе од 400 деца од Македонија и земјите во регионот, односно Италија, Романија, Србија, Грција и Албанија.

Ликовните работилници се дел од напорите на фондацијата за популаризирање на концептот за отворени образовни ресурси. Имено, во 2012 година Метаморфозис почна со реализација на проектот Отворени образовни ресурси, чија цел е подигнување на свеста и капацитетот за создавање и користење на отворени образовни ресурси (ООР) во Република Македонија.

„ООР се многу важни со цел образовните материјали да бидат лесно достапни, како за учениците, така и за наставниците, а знаењето да биде на дофат за секој кој има потреба од него.“, велат од Метаморфозис.

1 коментар на “ИТ настан: Работилници за млади за реупотреба на електронски отпад

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии