ИТ настан: Прво одбележување на денот на отворените податоци во Македонија

Денот на отворените податоци e собир на поединци, организации и новинари низ целиот свет кои ќе имаат можност да дискутираат, научат повеќе и да споделат искуства за употребата на различните типови на отворени податоци.

Школата за податоци – Македонија ве поканува да бидете дел од првото одбележување на Денот на отворените податоци во Македонија, на 21 февруари во ГЕМ клубот со почеток во 12 часот. Ќе се дискутира за моменталната состојба со отворените податоци во Македонија и во светот, ќе се споделат неколку успешни приказни и ќе се дискутира за актуелноста и важноста на отворените податоци.

Ќе се споделат и информации за аплицирање на конкурсот за добивање на девет месечна стипендија од програмата School of Data на Open Knowledge Foundation.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии