ИТ настан: Прво „Инди пиво“ во Скопје за сите креатори на видеоигри

Следната недела се организира првиот Инди Пиво настан, кој е наменет за сите ентузијасти кои креираат или сакаат да креираат независни видеоигри. Настанот е во организација на Дајана Димовска од данското студио KnapNok Games. Настанот се планира да се одржува еднаш во месецот или еднаш на секој два месеци, а идејата е со овој митап да се мотивираат девелоперите да формираат тимови и да прават свои игри.

„Се надевам дека настанот ќе помогне во обединувањето на креаторите на видеоигри во Скопје и пошироко. Очекувам настанот да биде место каде ќе се дискутираат теми, идеи во врска со креирање издавање и играње инди игри“, вели Дајана. „Моја најголема желба е со дискусии, презентации на игри и пивце да ги инспирирам нашите девелопери и дизајнери да размислуваат на оригинални и експериментални идеи и концепти за игри“.

Првата средбата ќе се одржи на 17 април од 18:00 во Мезе Паб Убац во Скопје. Со оглед на тоа дека Дајана работи во Копенхаген се „бара“ и ентузијаст кој ќе ги собира креаторите на игри на следните настани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии