ИТ Настан: Првиот „Laika, Meet the Future“ настан за технологија се одржува во Скопје

IT.mk редакција

во ИТ.МК

„Laika, Meet the future“ е серијал од бесплатни настани за технологија кој собирајќи ги и експертите, професионалците и инженерите на едно место, ќе го направи споделувањето и учењето во IT заедницата редовен ритуал. Во Македонија има исклучителни IT кадри, а оваа иницијатива е започната за да го зацврсти целиот екосистем.

Настанот ќе се повторува секој месец, обработувајќи различни теми за технологија. „Laika, Meet the future“е во организација на Laika – платформа за поврзување на компании и професионалци кои се занимаваат со технологија.

На 2 јули четири експерти (Светлана Кордумова P.hD, Христијан Ѓорески P.hD, Душко Тодевски и Андреј Наумовски) ќе зборуваат за Вештачка интелигеција и машиско учење – „Artificial Intelligence & Machine Learning“, а 3 јули Алина Гратшнер (Alina Gratschner) од Германија ќе зборува за Иднината на работата иновацијата – „The Future of Work and Innovation“.

И двата дена ќе се одвиваат во просториите на Brainster во Дебар Маало, главниот поддржувач на настанот.

Отворен повик за сите Програмери, Професори, Data Scientists и други професионалци кои се занимаваат со технологија:

Ако сакаш да се приклучиш на оваа „sharing is caring“ иницијатива и да вратиш знаење назад во заедницата, ова е шансата.

Пријави се да учествуваш на ‘Laika, meet the future’ како спикер, тутор или ментор на овој линк.

Без разлика дали имаш големо откритие кое сакаш да го споделиш со светот, shortcut за решавање на некој чест инженерски проблем или студија на случај што ќе ја изненади публиката,  ‘Laika, Meet the Future’ е отворена платформа за професионалци кои сакаат да имаат позитивен импакт.

Имаш тема која сакаш да ни ја предложиш? Обрати се во секое време на hello@wearelaika.com.

За компании:

Ако имате сериозна експертиза во рамки на вашата компанија, добри процеси или генијални продукти, поканети сте да го споделите знаењето со заедницата. Можете да бидете домаќини на „Laika Meet The Future“ за заедницата да учи од вас или пак да ги испратите вашите најдобри инженери да ве претставуваат.

Мисијата е да направиме силен IT екосистем а „Laika Meet The Future“ е во потрага по компании кои вреди да се слушнат.

Пријавете се тука за можност да се вклучите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии