ИТ настан: Првата регионална биткоин конференција е закажана за септември во Љубљана

Првата регионална биткоин конференција ќе се одржи на 11 и 12 септември во Љубљана. Конференцијата е под покровителство на GreCom, а главен спонзор на конференцијата се Gocoin.com. Идејата на конференцијата е да ја постави Љубљана како европски центар на дигиталната валута, јавува Netokracija, која ќе биде и медиумски покровител на настанот.

Позицијата на Словенија во центарот на Европа е голема предност, а покрај ова во Словенија има одлична биткоин заедница, и од таму е една од најголемите берзи за биткоини Bitstamp. Тема на конференцијата ќе бидат прашања за предизвиците кои доаѓаат со крипто-валутата како и анализи на бизнис моделите, можностите и новите технологии, како и правните аспекти на валутата во Европа.

Говорници на конференцијата ќе бидат: Стив Борегард oд Gocoin.com; Џеси Хаслип од Bex.io; Џош Зерлан од Butterfly Labs; Кристиан Андер oд Goobit.se; Елизабет Т.Плошеј oд BitPay; Радослав Албрехт od Bitbond.net; Абдул Хасиб Аван oд Bitaccess Canada; Алекс Расел oд Пиратска партија на Швајцарија; Станислав Волф од Yacuna AG; Дебора Теорен-Педен oд Phillsbury Law; Ханс Хенрик oд coinify.com; Жан-Луиз Шилц, поранешен министер во владата на Луксембург; Матија Мази, член на словенската биткоин заедница; Матјаж Пајк, правник; Лука Пушиќ oд Bitcoin Association of Slovenia и Џереми Бони од CoinDesk. Цените на влезниците се 300 евра за два дена или 250 евра за еден дел.

[youtube]Gc2en3nHxA4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии