ИТ Настан: Прва конференција за бекап во Македонија

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.МК

На 31 март се одбележува Светскиот ден на бекапот. Овој датум е одбран да биде своевиден потсетник за важноста на заштитата на податоци. Поради ова и изборот на датумот е еден ден пред Светскиот ден на шегата 1 април.

Оваа дата е искористена како пригода за првата бекап конференција која ќе се одржи во Македонија. Ова Македонија е условно бидејќи станува збор за онлајн настан кој ќе може да го следи целиот свет.

Организатор на настанот е македонската компанија која нуди сервиси за бекап во облакот B-Up (Би-Ап). За потребата од резервно решение и заштита на податоците, како и за актуелни проблеми со „Ransomware“  и онлајн безбедноста ќе говорат неколку експерти од различни сектори.

  • Мане Пиперевски – ИТ безбедносен експерт
  • Анита Никова – Извршен директор на МАСИТ
  • Дарко Михајловски – Solution Architect, Big Data & Cyber Security
  • Томислав Шуминоски – професор на ФЕИТ.
Говорниците доаѓаат од различни области и ќе зборуваат на теми како „Осврт на МК пазарот“; „Бизнис континуитет преку BackUp – must for GDPR“; „Ransomware as a Service“ и „Cyber security (колку се сигурни Вашите податоци со online backup)“.

Настанот е закажан за 29 март, и иако е онлајн треба да се регистрирате за учество.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии