ИТ настан: Прв Google Developers Group собир во Скопје

Првата средба на сите Google ентузијасти од Македонија е закажана за 25-ти јануари, во Клубот на новинари, Скопје, од 18 до 21 часот. На отворениот настан, наречен Google Developers Group, се поканети сите ентузијасти и професионалци кои сакаат да дискутираат за бројните теми поврзани со технологијата на Google.

Листата на говорници се уште не е конечна, но знаеме дека ќе гостуваат Тал Футеран од американскиот StartApp, Inc., кој ќе зборува за профитирање од Android апликации; Дан Ромески од германскиот Augmented Citizen, кој ќе зборува за проширената реалност и интелигентните системи; Мартин Анчевски и Нино Карас од локалниот CodeWell, кои ќе покажат како да се направи едноставна апликација; и Игор Трајковски од Time.mk, кој ќе го сподели своето работно искуство во Google.

Настанот е од отворен карактер, а сите заинтересирани треба да го пријават своето присуство на [email protected] најдоцна до 22 јануари 2013. Секако, за сите најнови информации може да ги следите и друштвените профили на групата – Facebook, Тwitter, Meetup и Google Group.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии