ИТ настан: Проследете го TEDxCERN во живо

Во сабота, на 5 ноември не очекува нов TEDx настан. Овојпат говорите нема да бидат во живо, туку ќе бидат пренесувани од настанот TEDxCERN. Тема на конференцијата е „Ripples of Curiosity“, а преносот ќе биде овозможен од TEDxSeptemvriskaSesijaSalon.

„Настанот ќе биде проследен во живо, на англиски јазик, симултано на повеќе од 40 локации ширум целиот свет, а меѓу локациите за стрим оваа година на мапата се приклучува и Скопје.“

Целта на настанот е да се отвори дискусија на актуелни и интересни теми. Љубителите на технологијата да се соберат на едно место, а настанот да допре до поширока публика.

tedxcern

Во Скопје настанот ќе биде пренесуван во Центарот за социјални иновации на ФИНКИ. Говорите се закажани од 13:30 до 19:00. За жал, бројот на места е ограничен па сите заинтересирани треба да го најават своето присуство. Повеќе податоци за настанот на Facebook страницата на настанот.

Листата на говорници пак е достапна на официјалната веб страница на TEDxCERN.

tedxcern-speakers

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии