ИТ настан: Промоција на еротскиoт #ТвитерКалендар 2016 за хуманитарни цели

Во сабота, 12-ти декември, ќе имате шанса да видите голи твитерџии и твитерџики, чии тела ќе бидат овековечени во еротски фотографии на #ТвитерКалендар 2016. „Сакајќи да се продолжи традицијата на овој календар, годинава, седуммина храбри момци и девојки од Twitter заедницата имаа ентузијазам да се разголат пред објективот на фотографот Ѕвонко Плавевски, раскажувајќи ја приказната за своето алтер его“, велат твитерџиите.

Иако фотографии од календарот се табу за македонското традиционално и морално општество (избегнувајте го Twitter неделава ако не сакате да гледате голи тела), сепак #ТвитерКалендар има добротворна цел. Сите фотографии ќе се продаваат, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Првото издание на #ТвитерKалендарот се случи пред три години со мисија да се подигне свеста за навремено откривање на ракот на дојката, додека второто издание имаше цел да испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование.

Промоцијата на #TвитерKаледнарот за 2016-та година ќе се одржи во Јавна соба, со почеток од 20 часот. Настанот е организиран од твитерџии, но сите се поканети.

1 коментар на “ИТ настан: Промоција на еротскиoт #ТвитерКалендар 2016 за хуманитарни цели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии